На вакциналните пунктови во Полошко по периодот на стагнација, повторно се бележи зголемен интерес за имунизација против ковид 19. Интересот на граѓаните се зголеми по воведувањето на новите рестриктивни мерки со кои, за влез во угостителските и трговските објекти се бара сертификат за примена двојна доза вакцина.
На пунктот сместен во Центарот за култура во Тетово, периодов дневно се аплицираат и повеќе од 300 дози, за разлика од предходниот период кога имаше едвај 100-тина. Покрај за прва, има побарувачка и за трета доза.
И во просториите на Здравствениот дом во Гостивар, периодов има голем интерес за вакцинација.
Граѓаните сметаат дека сите треба да се имунизираат, за да заврши пандемијата.
Инаку состојбата со пандемијата во тетовско-гостиварскиот регион, засега лекарите ја оценуваат како стабилна, по бранот кој го зафати овој регион во август и првата половина на септември.
Данијела Билбилоска
