Идната недела на влада ќе расправа за нови кадровски решенија, при што пред министрите на седницата ќе се најде и оставката на директорите на тетовската болница.
Ова за Телма го потврди министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа до сега не било направено поради локалните избори.
До сега нѐ спречуваше тоа што беа распишани изборите. За сите кадровски решенија ќе сѐ разговара следната недела, рече Филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
