Ковид19 Македонија

Нови 449 случаи на КОВИД-19, 317 оздравени и 12 починати

Во изминатите 24 часа од направени 3.859 тестирања регистрирани се 449 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 317 пациенти, а починати се 12 лица од кои едно починато лице е со датум на смрт од 16 ноември, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новозаразените 195 се од Скопје по што следи Битола со 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Од Скопје се и најголем број оздравени пациенти – 125, по што следи Берово со 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11починати лица од кои четворица  се од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Сите лица се починати во болнички услови. Најмладото 33 годишно починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, е пријавено едно починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472 од кои најголемиот дел се од главниот град.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе