Ковид19 Свет Топ вести

Во Чешка над 20 илјади новозаразени со Ковид-19 за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Во изминатите 24 часа во Чешка се регистрирани уште 22.936 новозаразени со коронавирусот – најмногу од почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година, а од понеделник ќе стапат на сила новите рестриктивни мерки за невакцинираните граѓани. Од понеделник, 22 ноември, PCR и антигенските тестови повеќе нема да важат како пропусница за влез во угостителски објекти, хотелско сместување, спортски и културни настани и за користење на некои услуги каде што ќе можат да одат само оние кои се вакцинирани или прележале Ковид-19 во изминатите ите шест месеци.

Во четвртокот, бројот на смртни слчаи надмина 100 првпат од април, а 52 во петокот, додека 30.205 Чеси досега починаа од пандемијата. Бројот на оние кои мораа да бидат хоспитализирани благодарение на вакцинацијата, околу 60 отсто од населението, се уште не го следи толку наглиот раст на нови случаи, а бројот на хоспитализирани е за половина помал од најлошите денови на пандемијата.

Во болниците во моментов има 4.890 пациенти со Ковид-19, од кои 724 се во тешка состојба на интензивна нега или респиратори.

Најлоша е ситуацијата на југот и на истокот на Чешка во Моравија, каде што некои болници немаат доволно персонал поради пациенти со Ковид-19 и одложуваат некои планирани операции и приеми во болница.

Војници од вчера помагаат во 24 болници и социјални установи низ Чешка, а од понеделник ќе им помагаат на преоптоварените лекари и медицински сестри во уште 15 болници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

Маѓар најави истрага за заемот од 1 милијарда евра од „Ексимбанка“ за Македонија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе