Македонија Топ вести

Јанакиески дојде слободен на рочиштето за ТНТ, не планира бегство

Во придружба на адвокатот, обвинетиот Миле Јанакиески пристигна на судското рочиште за предметот ТНT. Вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела. Денеска тој дојде без полициска придружба, но без коментар за медиумите.

Без полицајци и во придружба на адвокатот, обвинетиот Миле Јанакиевски пристигна на судското рочиште за предметот ТНТ.  За прв пат по 3 години, Јанакиевски се шета слободно откако вчера беше укинат притворот на Јанакиески кој трае веќе цели 3 години, а тој е обвинет за повеќе дела во неколку судски предмети. Јанакиевски, доцна попладне ја примил веста. Остана без коментар, но во разговор вели дека нема да бега. На доаѓање се поздарви и кусо им се обрати на новинарите.

Решението со кое се потврдува слободата на Миле Јанакиески се уште патува до сите странки откако апелација реши да му го укине куќниот притвор и да ја прифати жалбата на Јанакиески. Реакција изостана и од обвинителот Бурим Рсутеми во ТНТ во чиј што предмет се укинува куќниот притвор за обвинет.

Рочиштето продолжи со барање за негово изземање, барање кое судечкиот совет го одби, бидејќи се сомнева дека со предлогот на адвокатот Мерџан Даути се прави обид за одолговлекување на процесот кој се придвижува кон самиот крај. Одбраната на Јанакиевски ја поздрави одлуката на Аплеација но е зачудена зошто во неколку наврати ја одбивала жалбата која и овој пат е со иста содржина.

Обвинителката Вилма Русковска најави дека ќе бара притвор поради можност за бегство на Јанакиески бидејќи има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и 3 месеци затвор за организација на собраниските насилства на 27ми април.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не било информирано за укинатиот притвор и сеуште чекаат да го видат решението и причината заради која Јанакиевски не е повеќе опасен за бегство и влијание на сведоците. Јанакиевски ја доби слободата за движење но сеуште му остана обврската да се јавува во судот, а неговиот пасош останува одземен со забрана за издавање нов, мерка во предмтот „Титаник“ донесена уште 2017 –та година.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе