Вести Ковид19 Македонија

Здравствен центар Врање: Одобрено е давање трета бустер доза на вакцина за македонските државјани

Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено.

-Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање.

Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“.

Инаку, бустер дозата на вакцината против Ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза).

Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-КОВИД-Вак се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе