За пратеникот на Алтернатива Хусни Исмаили, Антикорупциската комисија ќе покрене иницијатива за кривично гонење за неговото извршување на функцијата Министер за култура.
ДКСК оцени дека Исмаили како министер потпишал над 100 проекти надвор од финансиските планови.
Хусни Исмаили како предлог на Алтернатива беше министер до ланските избори, кога стана пратеник од 6-тата изборна единица.
Делото според антикорупционерите го сторил откако завршија ланските избори. Антикорупциска смета дека актуелниот пратеник сторил кривично дело злоупотреба на службена положба како одговорно лице, а казната за тоа дело и за предизвиканата штета, според кривичниот законик е минимум 5 години затвор.
