Вести Македонија

Предметот ТНТ за уривање пред крај откако доказите на одбраната се одбиени

Пред крај е судскиот процес попознат како ТНТ за уривањето на Космос на бизнисменот Фијат Цановски.

Обвинети се екс министерот за транспорт Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази баба Тони Трајковски и четворица службеници, а во отсуство му се суди и на поранешниот премиер Никола Груевски.

На денешното рочиште сите докази кои ги поднесоа адвокатите на обвинетите судијата Огнен Ставрев ги одби.

За ова согласност даде и поранешниот обвинител на СЈО кој го отвори случајот, Бурим Рустеми освен за еден доказ за кој се согласи да биде изведен. Смета дека предлогот од ново да се повикуваат сведоци наместо да бидат читани нивните сведочења е обид за одолговлекување на постапката.

За обвинетите пак ваквото постапување на судот е со цел постапката да заврши побрзо, а тие да бидат осудени без да им се дозволи да ги искористат своите права во постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе