Вести Македонија

Пожар во една од техничките простории во прилепската болница

Пожар избувна  вчера  во една од просториите на техничката служба во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, кој веднаш беше изгаснат од вработените во болницата, потврди за Телма директорката Кети Смилеска.  Се претпоставува дека пожарот настанал од кабел. Нема повредени лица во овој настан.

-Вработените  забележаа  чад во една од просториите на техничката служба каде се чуваат  алати, машини и  резервни делови, по што  веднаш пристапија кон гаснење со противпожарните апарати во болницата, но, поради претпазливост  ја повикавме и Територијалната противпожарна единица од Прилеп, рече Кети Смилеска, директор на прилепската болница.

Увид извришија екипи од ОВР Прилеп.

 

ФОТО – ИНФОКОМПАС

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братучед полицаец не ѝ помогнал, сведочеше жртва од пожарот во „Пулс“

Sasko Dimovski

Стeвчо Јакимовски се пријави во затворот во Шутка, потврдија од скопскиот затвор за Телма

Дејан Дејан

Мицкоски за Талир 2: Правдата е задоволена за ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе