Вести Македонија Топ вести

Истрага со политички вкус и мирис, но со сомнежи за финансиски малверзации со зелена енергија

Ливада во Делчево планирана за фотоволтаици на ЕВН и неколкуте трансакции исплатени за таа земја, е целта на истрагата која денеска на денот на сендицата за доверба на влада кулминираше со повеќе претреси меѓу кои и претрес кај Раде Јаулески, татко на пратеникот Јован. Предистрагата е за сомнежи со финансиски малверзации во ЕВН, каде постариот Јаулески е раководител на оддел за јавни набавки, но пратеникот оцени дека на овој начин власта се обидува да изврши притисок.

Во телефонски разговор за Телма, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески посочи дека како што го нарече упадот се случил наутро во 5:20 часот, а телефоните на неговите родители биле одземени. Јаулески оценува дека ова е последен обид на власта односно како што ја вика хунтата да спречи промени, но тоа нема да успее.

Од Финансиската полиција бараат институцијата да не се злоупотребува за политички цели и тврдат дека претреси се вршеле кај вработените во ЕВН.

Според сознанијата на Телма, сопственик на земјиштето во Делчево го продал на друго лице, кој пак за повисока цена го препродал имотот на ЕВН за да се изградат фотоволтаици за производство на струја. Цената која ја платила ЕВН е во рамките на предвидената цена наменета за инвестициии во компаниите, велат нашите извори. Целата зделка била сомнителна поради што е пријавено во антикорупциска и во финансиска полиција. Осомничени раководители на ЕВН меѓу кои и роднини на сегашни и поранешни функционери веќе се сослушани, а истрагата е почната пред повеќе од еден месец. Кулминира денеска со претресите кои се поврзаа со собраниската седница. Истрагата исто така ќе проверува и дали евентуално овие пари се поврзани и со финансисрање на изборна кампања, се сознанијата на Телма.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе