Имајќи во предвид дека за 20-на минути завршува третиот ден и тие немаа кворум за целта за која беше поднесено ова прашање, дневниот ред не е изгласан, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, на продолжувањето на седницата за недоверба на влада.
Имајќи во предвид дека одминува времето, не ни останува ништо друго освен да констатираме дека не ѝ е изгласана недоверба на владата и таа продолжува. Затоа констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена, и ја заклучувам оваа точка и констатирам дека седницата е завршена, рече Џафери.
