Кастриот Реџепи од движењето Беса кој не се појави на собраниската седница за гласање на недоверба на владата на својот фејсбук профил напиша дека донел таква одлука со цел да се задржат стартешките и витални цели на државата.
Реџепи на фејсбук напиша дека една од неговите клучни цели, но и на партијата БЕСА е евро-атлантската интеграцијиа на земјава.
„Имајќи го предвид политичкиот момент, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери на САД и ЕУ кои ми беа доставени од висок дипломатски претставник, дека во месец декември постои одлична можност да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, решив да не присуствувам на собраниската седница која ги ставаат под знак прашање виталните национална и државни прашања. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој важен период не и треба политичка криза и влегување во немирни води со многу непознати“, напиша Реџепи на фејсбук.
