-Не станува збор за евро-интеграции, туку за криминализирана власт. Не може 24 часа да нема пратеник со имунитет и никој да не презема ништо. Го повикувам премиерот и власта да го најдат Кастриот Реџепи и да откријат што се случува, рече Касами по излегувањето од полициската станица Бит пазар.
-Пријавив дека е исчезнат пратеник на Беса со семејството, со мајка му, жена му и со син му. Неговиот пост на ФБ е дополнителен доказ дека под сила може да даде секакви изјави и да излезе сега власта со вакви механизми може да обезбеди 120 гласа во Собранието, изјави Билал Касами, претседателот на Беса.
