Вести Ковид19 Македонија Топ вести

99 вакцинирани со трета доза, се заразиле со Ковид 19

Луѓе кои примиле трета доза на вакцина повторно се заразиле со Ковид 19, информираат од Министерството за здравство за Телма. Во месец и половина колку што трае вакцинацијата заразени се вкупно 99 од вкупно 43 376 вакцинирани со трета доза. Од Министерството велат дека сите се заразиле уште во првите седум дена по примањето на третата вакцина. Починати од нив, нема.

„Вкупно 99 лица кои примиле трета доза вакцина после тоа се заразени со Ковид 19. Досега нема регистрирано случај на починат пациент со Ковид по примена трета доза вакцина“, велат од Министерството за здравство.

Инаку вакцинацијата со трета доза започна на 27 септември, и првично одлуката беше дека секој што се вакцинирал со две дози, може да прими и трета но да се поминати 6 месеци од примањето на втората. Подоцна ваквата одлука беше променета, само за оние луѓе на кои првите две дози им се од кинески производител Синофарм и Синовак. Тие можеа да примат и по истекување на три месеци од втората доза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно – Временска прогноза за 8.6.2026

meteo

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе