Свет

Вучиќ: Полицијата го чуваше редот, а не муралот на Ратко Младиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше настаните поврзани со муралот на хашкиот осуденик Ратко Младиќ во Белград, изјавувајќи дека полицијата се однесувала професионално, дека го чувала редот и мирот и „тие“, како што кажа „плачат“ дека не биле заштитени.

На прашањето каква порака испраќа Србија и дали ќе иницира отстранување на муралот, Вучиќ изјави дека тој е отстранет, и дека полицијата секако го чувала јавниот ред и мир, а во спротивно сите би прашувале зошто таму нема полиција, за да спречи евентуален судир на спротивставените групи.

Тој мурал е уништен, што негира се што кажавте, дека полицијата го штитила муралот….Полицијата ги заштити граѓаните од меѓусебни конфликт, изјави Вучиќ.

Вучиќ запраша, бидејќи муралот е уништен, зошто тоа не било направено еден ден порано или подоцна, без да се направат „големи веселби“ од тоа.

Во врска со изјавата на претседателката на Косово, Вјоса Османи, дека Србија е алатка во рацете на Русија за дестабилизација на Косово и Западен Балкан, Вучиќ посочи дека Србија не е алатка во рацете на Русија или на кој било друг – ниту САД, ниту ЕУ.

Тој истакна дека Србија е независна и суверена земја и дека е горд на тоа.

На прашањето за изјавата на Османи дека Заедницата на српски општини (ЗСО) нема да се формира, Вучиќ кажа дека најдобро е ЗСО да може да произведува само „чоколадни кеси и евентуално да отпечати три запалки годишно“, за таа да биде задоволна.

Нема ништо од тоа, или ќе ја формираат ЗСО со такви овластувања за кои се преговараше во Брисел, или ви благодарам, ние со нашата работа, па ќе се сретнеме еден ден, изјави Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија по четиригодишно примирје

Дејан Дејан

Ескалација на конфликтот меѓу САД и Иран – Трамп најави блокада на иранскиот сообраќај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе