Вести Свет

Влошена епидемиолошка ситуација во Данска, повторно воведени ковид пропусници

Епидемиолошкиот одбор  на данскиот Парламент вчера ги одобри владините планови за повторно воведување ограничувања поради пандемијата на коронавирус.

Министерот за здравство, Магнус Хеунике, изјави дека огромното мнозинство пратеници се согласило дека Ковид-19 треба да се редефинира како болест што му се заканува на општеството.

Одлуката првично ќе важи еден месец. Ова и дава на владата овластување да усвои мерки за ограничување на ширењето на коронавирусот без потреба од дополнително одобрение од парламентот. Доволно е одборот да се согласи со предложените мерки.

Министерот за економија, Сајмон Колеруп, изјави дека од петок повторно ќе треба да покажуваат сертификати за Ковид-19 за да се влезе во ресторан или клуб.

Ковид пропусниците сведочат дека лицето било вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест. Тие мора да ги покажуваат возрасните и деца над 15 години.

Сертификатите ќе бидат потребни и за настани со голем број учесници. Ова се однесува на концерти, конференции, саеми и забавни паркови. Нив че м,ора да ги покажуваат и посетители на болниците.

Данска на 10 септември ги укина последните ограничувања наметнати во земјата за време на пандемијата, наведувајќи дека пандемијата е под контрола, но од средината на октомври, бројот на заразени повторно почна да расте.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе