Ковид19 Свет Топ вести

500.000 луѓе би можеле да починат од Ковид-19 во Европа и централна Азија до 1-ви Февруари

Европа и Централна Азија повторно се епицентар на пандемијата Ковид-19предупреди денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, др Ханс Клуге, предупредувајќи на можни катастрофални последици доколу актуелниот тренд на ширење на вирусот продолжи.

Стапката на хоспитализација заради Ковид-19 повеќе од двојно се зголеми за една недела, врз основа на последните податоци од Европа. Според една веродостојна проекција, ако останеме на оваа траекторија би можеле да се соочиме со дополнителни половина милион смртни случаи од Ковид-19 во Европа и централна Азија до 1-ви Февруари наредната година а 43-те земји во нашиот регион ќе се соочат со огромен притисок на болничките кревети во некој момент во истиот период, вели Клуге.

Во Европа и Централна Европа се регистрирани речиси 59% од активните случаи во целиот свет, како и 48 отсто од смртните случаи, додава Клуге.

Според него, зголемувањето од 55% на новите случаи заразени со Ковид-19 во минатите 4 недели во Европа се должи пред се на ниската стапка на вакцинација, особено во Источна Европа, и заради малиот број превентивни мерки.

Земјите во Европа и централна Азија се во различен стадиум од вакцинацијата. Во просек само 47% од луѓето се целосно вакцинирани додека во 8 држави стапката на вакцинација е над 70%. Во две држави стапка е дури под 10%. Таму каде што е мал бројот на вакцинирани – во многу држави во Балтичкиот регион, централна и источна Европа и на Балканот – бројот на хоспитализации е многу висок, вели Клуге.

Доаѓањето на зимата, што подразбира собири на луѓето во затворени простори, слабата употреба на маските и Делта варијантата, исто така придонесуваат за растот на пандемијата.

Според проекциите на СЗО, доколку во овие два региони, 95% од луѓето носат маски, тоа би можело да спаси до 188 000 животи од предвидените половина милион кои би починале пред Февруари 2022-та година.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе има ли нов скок на инфлацијата – статистика утре треба да ги соопшти податоците

Дејан Дејан

Холанѓанец баран со меѓународна потерница за криумчарење мигранти и сексуална експлоатација е уапсен на Бит Пазар

Дејан Дејан

САД тврдат дека собориле два ирански дрона кои го загрозувале сообраќајот во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе