Продолжува трендот на пораст на бројот на новозаразени со Ковид-19. Според последниот ковид билтен, во последните 24 часа се регистрирани 568 нови случаи од направени 3594 тестови, со што стапката на позитивни тестови изнесува 16 проценти.
Пријавени се и 19 смртни случаи, на возраст од 16 до 90 години.
12 од нив се починати минатиот ден додека 7 се пријавени преку Мој Термин со датум на смрт во периодот од 14-ти до 31-ви Октомври.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
