Вести Ковид19 Топ вести

Ковидот коси во регионот, во Бугарија за еден ден над 300 починати

Бугарија денеска регистрираше рекорден број на смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале 310 пациенти, а биле пријавени и нови 6.007 позитивни случаи. Само во текот на вчерашниот ден во болница биле примени 1.341 пациент, дополнително зголемувајќи го притисокот врз здравствениот систем. Бројот на активни случаи во Бугарија денеска се искачи на 102.000, 8.030 од кои се лекуваат во болниците, а 669 се на интензивна нега.

„Болничките кревети не се апстракција, тие бараат одредено ниво на опременост, всушност прашањето со опремата не е најважното, потребни се луѓе, и тоа луѓе кои се подготвени.“ – изјави Георги Георгиев – Директор на Интензивна нега во Универзитетската болница „Пирогов“

Со само 1 од 4 возрасни граѓани вакцинирани, Бугарија ја има најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Стапката изминативе денови малку се зголеми, пред се поради интензитетот на четвртиот бран на вирусот кој ја зафати земјата. Ниска е стапката на вакцинација и кај медицинскиот персонал и изнесува само 45 проценти. Министерот за здравство оцени дека ситуацијата е критична и побара национална мобилизација. Им порача на граѓаните да се вакцинираат, но отпорот кај нив опстојува и протестите против новите мерки за невакцинираните продолжуваат.

„Сметам дека се непотребни, бидејќи мислам дека економијата треба да работи и бидејќи мислам дека две години со мерки и без мерки не дадоа некаков резултат. Мислам дека не треба да затвориме 7 милиони и да ги дискриминираме луѓето.“

Четвртиот бран кој ја зафати Бугарија следуваше по мирното лето, релаксираните мерки и опуштеното однесување на граѓаните. За влошувањето на ситуацијата придонесе и политичката криза во земјата, која се искомплицира по неуспехот на политичките партии да формираат влада, што дополнително ја поткопува довербата на граѓаните во институциите и нивната способност да се справат со пандемиајта.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Риби предатори во Преспа – сончарка  го нарушува природниот баланс

Igor Trajkov

Паметните уреди го попречуваат развојот на децата

Igor Trajkov

Доцнат субвенциите за тутунот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе