Вести Свет

САД ќе ги укине визите за Израел, Романија, Бугарија и Кипар, најави американскиот министер за внатрешна безбедност

Американскиот министер за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека Соединетите Американски Држави размислуваат да додадат четири земји во програмата за укинување на визите, дозволувајќи им да останат во САД до 90 дена без виза.

Имаме четири кандидати: Израел, Кипар, Бугарија и Романија. Ние сме многу, многу фокусирани на програмата, изјави Мајоркас

Роберт Дау, шеф на Американската асоцијација за патувања, рече дека неодамнешното додавање на Хрватска во програмата за укинување на визите е стимул од сто милиони долари за американската економија. Хрватските граѓани од саботата можат да патуваат во САД без виза.

– Секогаш кога ќе додадете една од тие земји, патувањето експлодира, рече Дау.

Белата куќа во август, по состанокот меѓу претседателот Џо Бајден и израелскиот премиер Нафтали Бенет, соопшти дека Бајден истакнал дека „неговата администрација ќе ја зајакне билатералната соработка со Израел на начин што ќе има корист и за граѓаните на САД и за Израел, вклучително и соработката за вклучување на Израел во програмата за укинување на визите”.

Мајоркас се сретна со израелскиот амбасадор во САД во август за да разговараат за ова прашање.

За да може една земја да влезе во програмата за ослободување од визи мора да ги исполнува критериумите од сферата за борба против тероризмот, спроведување на законот, имиграцијата, безбедноста на документите и управувањето со границите, а процентот на одбиени визи мора да биде под три отсто.

Во моментов, 40 земји се во програмата за ослободување од визи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе