Вести Ковид19

Четвртиот бран на корона вирусот руши нови рекорди

Четвртиот бран на Ковид-19 кој ја зафати источна Европа и Балканот поставува нови рекорди, надминувајќи го бројот на заболени и починати од првите два брана. Голем дел од источно европските мерки воведоа построги рестриктивни мерки, како за ограничување на ширењето на вирусот, така и за поттикнување на вакцинацијата. Од ковид пасоши и пропусници во Бугарија и Србија, до целосен карантин во Латвија. Ситуацијата со вирусот во западна Европа е дијалемтрално спротивна. Причината, според здравствените власти, лежи во ниските проценти на вакцинирани, кој во источноевропските земји се движи околу една третина од граѓаните, до западноевропските, од кои повеќето се движат околу 70 проценти на имунизирани жители. Само за споредба, бројот на новозаболени на 100.000 жители во Латвија е за 30 пати поголем од Шпанија.

„Кристално јасно е дека во земјите каде има пониска стапка на вакцинација, токму таму во моментов ги гледаме сериозните ефекти на пандемијата, кога станува збор за смртни случаи и луѓте кои завршуваат во болница.“ – изјави Кетрин Смолвуд од СЗО.

Бугарија, која го има најнискиот процент на вакцинирано население во ЕУ, со само 20 проценти, вчера пријави 243 починати лица во само еден ден. Новите 5.863 заболени вчера не се показател дека се менува расположението меѓу Бугарите за вакцинирање против Ковид-19. Владата се обиде со нови мерки да ја заузда епидемијата, воведувајќи рестрикции со пропусници во угостителските објекти за да ја поттикне вакцинацијата, но неколку стотици граѓани протестираа во Софија.

Протести имаше и во Србија, каде антиваксерите извикуваа навреди под прозорците на членовите на кризниот штаб, Предраг Кон и Бранислав Тиодоровиќ. Тоа го натера министерот за здравство Златибор Лончар протестите да ги оцени како невидена дрскост на граѓаните, и да им порача дека единствениот одговорен е самиот тој. Вчера во Србија беа регистрирани нови 7840 нови случаи на Ковид-19, и 63 починати.

„Морам да кажам дека оваа епидемија навистина станува епидемија на невакцинираните. Едноставно ова е факт, затоа што врз основа на податоците кои што ги имаме, најголем дел од новодијагностицираните случаи се невакцинирани лица, и најголем дел од хоспитализираните со тешка состојба се исто така невакцинирани.“ – рече Адам Војтеч, министер за здравство на Чешка.

Ниту една од источно европските земји, вклучувајќи ги тука балтичките и балканските држави, не се приближува до европскиот просек од 64 проценти на вакцинирани жители. Балтичките земји сепак се најблиску, Латвија има 49,5 проценти, Литванија 69. Кај земјите членки на унијата најнизок степен на вакцинација имаат Бугарија со 20 проценти и Романија со 29,5. Според последните податоци, во Бугарија и Босна и Херцеговина, каде процентот на вакцинирани изнесува 15,4, дури 4 проценти од позитивните случаи завршуваат со смрт. Само за споредба, тој процент во балтичките земји паѓа на 1, додека пак во западно европските се движи околу 0,5.

Игор Трајков 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе