Вести Свет

Алек Болдвин: Немам зборови, срцето ми е скршено

Актерот Алек Болдвин  се огласи по трагедијата која се случи на филмскиот сет во Ново Мексико. На Твитер напиша дека е шокиран и тажен од трагедијата за време на снимањето на филмот, каде со пиштол реквизит случајно ги застрела снимателката Халина Хачинс и режисерот Џоел Соуза. 42-годишната Хачинс подоцна им подлегна на повредите во болница.

„Срцето ми е скршено за нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Халина. Нема зборови со кои можат да се искажат моите шок и тага поради трагичниот инцидент. Целосно соработувам со полициската истрага за тоа како се случила оваа трагедија“, напиша 63-годишниот Болдвин на Твитер.

 

Тој кажа дека е во контакт со нејзиниот сопруг Метју.

Полицијата на Санта Фе соопшти дека не се покренати обвиненија по она што го опиша како трагичен инцидент. Додаде дека Болдвин доброволно се пријавил да даде изјава. Засега не е познато дали во моментот на пукањето тој снимал сцена.

Болдвин, Хачинс и Соуза го снимаа вестернот „Раст“ кога се случил инцидентот вчера во 13:50 часот по локално време. Синдикатот на забавната индустрија ИАТСЕ тврди дека во пиштолот имало само еден куршум.

„Главниот актер случајно испукал од оружјето“, кажаа од синдикатот.

Детективите сега истражуваат како пукањето од пиштол реквизит завршило со така катастрофални последици. Цитирајќи сведок, еден холивудски сајт објави дека видно растревожениот Болдвин прашувал зошто му дале огнено оружје наполнето со вистинска муниција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе