Десетици поранешни стјуардеси од италијанската авиокомпанија „Алиталија“ во знак на протест ги соблекоа униформите и облечени само во долна облека протестираа во центарот на Рим.
По долго време финансиски криза, италијанската авиокомпанија стара неколку децении го реализираше својот последен лет на 14-ти октомври. А следниот ден почна да работи нова авиокомпанија, Италија Траспорто Аеро во која преминаа 3.000 од 10-те илјади вработени во Алиталија.
Претставниците на синдикатот велат дека за новата компанија ќе работата за значително пониски плати.
50-тина поранешни стјуардеси стоеја во редови на плоштадот Капитолински рид, ги спуштија службените чанти на рамо на калдрмата, а потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа униформите. Останаа боси и извикуваа „Ние сме Алиталија!“. со овој потег сакаат да извршат притисок врз владата за да ги продолжи за пет години нивните бенефициите за невработени.
Денес, односно на 15 октомври ни ја одзедоа кожата. Да ни се одземе униформата значи да ни се одземе се. За нас униформата е нешто што не претставува во светот и секогаш ја носевме со голема гордост. Тука сме да ја изразиме пред се нашата болка и солидарност за сите наши колеги кои беа повикани во Италија Траспорто Аеро и кои беа принудени да потпишат понижувачки договор.
