Вести Свет

Венбин: Нема компромис за кинеските интереси

Кина денеска соопшти дека „нема простор за компромис“ за кинеските интереси по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД се подготвени воено да го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг.

Кина нема да остави простор за компромис за прашања поврзани со своите основни интереси, како што се суверенитетот и територијалниот интегритет, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин

Бајден вчера изјави дека САД ќе го бранат Тајван и дека имаат обврска да го бранат островот, кој Кина го смета за своја територија.

Воените тензии меѓу Тајван и Кина се најлоши во последните 40 години, оценија тајванските власти претходно овој месец.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Европа со нова воздушна одбрана за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе