Бројот на починати на дневно ниво во Србија рапидно расте, а болните се претрупани со пациенти кои чекаат хоспитализација. Ситуацијата е тешка, а во периодт кој следи зима и период на домашни слави состојбата ќе се влошува алармираат епидемиолозите. Русија пак објави дека регистрирала новиот сој на ковид- делта плус. Во пресрет на новиот пик, Москва влегува во карантин.
Слабото темпо на вакцинација, предизвика ново ширење на корона вирусот во регионот. Властите се принудени да го воведат т.н. зелен сертификат за ковид за сите активности. Епидемиолошката ситуација во Србија е неверојатно тешка. Болничките капацитети се исполенти до максимум, во болница се речиси седум илјади пациенти од кои над 270 се на респиратор. Од вчера и тука почнаа да се воведуваат ковид пасошите, а се очекува следна мерка да биде и воведување на он лајн настава.
- „Во сите угостителски места, ресторани, кафулиња, барови и слично по 22 часот од сабота, 23 октомври, нема да биде дозволено присиство во затворен простор без ковид пропусница“ – Ана Брнабиќ, српска премиерка.
Членот на Кризниот штап Предрад Кон, во разговор за ТВ Прва, состојбата ја нарече катастрофална и откри дека нивното барање до Влада било ковид пропусниците да се воведат од 17 часот, а не да ваќжат практично само за ноќните клубови.
- „За жал имаме ситуација кога пред нас е сезоната на слави, доаѓа зимата тоа се месеците кога е многу активен вирусот. Ни претстојат најмалку уште две недели со слична ситуација како сега, со тоа што таа катастрофа и понатаму ќе се зголемува. И карајно време е оние кои беа неодлучни дали да се вакцинираат да се одлучат, бидејќи губиме време и за жал губиме животи“ – Предраг Кон, епидемиолог.
Бугарите од денеска ќе мора да покажат вакцинален сертификат ако сакаат да влезат во сите затворени јавни места, освен аптеки, банки и продавници за храна. Ширењето на делта сојот ги принуди властите да ги повлечат и учениците од физичка настава.
Така од денеска сите ученици од 1 до 12 одделение во Софија, како и областите Видин, Габрово, Ќустендил, Монтана и Перник, се селат на онлајн образование.
Во меѓувреме, Русија го регистрираше новиот сој на ковид, кој е подвид на делта сојот и се нарекува делта плус.
- „Сега има тенденција состојбата на пациентите брзо да се влошува и да се комлицира. Ако претходно забележевме дека пациентите се главно постари луѓе, сега имаме млади луѓе, под 30 години. И честопати има нагло влошување на ситуацијата. Ковидот е се повеќе агресивен“ – Егор Лукјанов, шеф на Клиничка болница за воени ветерани.
Моска воведува карантин кој ќе трае од 28 октомври до седми ноември, период во кој ќе работат само аптеките и продавниците за храна.
Билјана Стварова
