Хакерски напад врз болница со барање за откуп (ткнр. Ransomware напад) за да се ослободи информатичкиот систем и да профункционираат болничките апарати е причина за смрт на едно 9-месечно бебе, ваква судска пресуда бара мајката на починатата ќерка, објави Волстрит Џурнал.
Хакерскиот напад се случил во јули 2019-та година во болницата Спрингхил во градот Мобил во американската сојузна држава Алабама.
Бремената Теирани Кид кога стигнала во болницата за да се породи не знаела дека е под голем хакерски напад поради што не работеле витални медицински апарати со чија помош нејзиното новороденче требало да преживее.
Но хакерскиот напад го спречил функционирањето на апаратите кои требало да го следат породувањето, чукањето на бебешкото срце и да го скенираат новороденчето.
Медицинските сестри и лекарите се допишувале со СМС пораки за да се разберат за состојбата на пациентите, а бебето на Теирани имало замотана папочна врвка околу вратот за време на породувањето. Неупотребливите компјутерски апарати не можеле да го видат тоа за време на породувањето.
Кога малата Нико Силар се родила, поради хакерскиот напад и „слепата“ екипа за породување, веднаш имала ниски параметри на живот поради оштетеното мозоче. Префрлена е на интензивна нега, а по пуштањето дома, малото бебе починало после 9 месеци, во април 2020-тата.
Семејството Кид сега ја тужи болницата и бара отштета, а судските документи открија дека болницата била под силен хакерски напад и барање за откуп за да се ослободи системот и болницата да почне нормално да функционира.
Болницата веднаш го отфрлила барањето за откуп иако не одговориле колкав откуп е побаран. Во одговор на судската тужба, болницата Спрингхил негира било каква погрешна медицинска постапка во случајот со починатата Нико Силар.
Статистичката анализа на американската агенција за сајбербезбедност и безбедност на инфраструктура веќе наоѓа докази дека хакерски напад со барање за откуп може да биде одговорен за смртни случаи во болница.
-Може да видиме дека сајбер напад може да ве приниду толку силно за да придонесете за непотребна смрт или за вишок смртни случаи, истакнал во изјава за WSJ Јошуа Корина од Агенцијата, која е дел од Федералниот оддел за внатрешна безбедност (Homeland security).
Во САД се поголем проблем се хакерски напади со барање откуп за ослободување на информатичките системи, а многу често жртви на сајбер криминалците се болниците. Проблемот стана поизразен изминатите две години кога на удар беа ковид-болниците насекаде низ Америка. Болниците за да ги заштитат пациентите и да спсат повеќе животи, најчесто се согласуваат да платат откупнина за ткнр. Ransomware напад.
Во конкретниот случај, Спрингхил болницата одбила да каже која хакерска група го извршила нападот иако се претпоставува дека зад нападот стои групата Ryuk со руски корени. Во јуни годинава „Волстрит џурнал“ објави дека оваа руска група извршила хакерски напади врз најмалку 235 болници и психијатриски клиники од 2018-та наваму.
За откуп на сопствените информатички системи, нападнатите болници но и други институции, организации и компании платиле околу 100 милиони долари најмалку лани на групата Ryuk чие име доаѓа од името на измислен бог на смртта од јапонски стрип. Просечно оваа хакерска група бара по 700 илјади долари за да ги „ослободи“ жртвите од својот хакерски напад.
Освен парите, сега сајбернападот во Алабама може да стане причина за смрт на едно бебе.
