Првиот круг на локалните избори ги даде градоначалниците во 34 општини во Скопје и низ државата. На 31 октомври граѓаните во 46 општини и Град Скопје ќе го изберат градоналачникот кој во наредните четири години ќе ја води нивната општина. Кампањите се веќе почнати, средбите со граѓаните продолжуваат како и рекламните спотови во медиумите и на социјалните мрежи.
Жестока битка меѓу кандидатите се очекува во Куманово, Кичево, Струга, Охрид Битола и Гостивар каде разликата во гласовите на кандидатите кои одат во вториот круг се движи од неколку десетици до три илјади гласови.
Во Куманово, во вториот круг влегуваат поранешните сопартици од СДСМ Максим Димитриевски и Оливер Илиевски а за изедначеноста на бробата сведочи податокот дека по првиот круг предност Димитриевски има предност од само 22 гласа.
Во Гостивар ќе се судрат актуелниот градоначалник Арбен Таравари од Алијанса и кандидатот на ДУИ и некогашен татко на градот Невзат Бејта од ДУИ. Предноста е на страната на Таравари кој во првиот круг освои 2.500 гласови повеќе.
Во Кичево ќе се бира меѓу кандидатите на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ. Предноста по првиот круг е на страната ан Александар Јовановски кој има 300 гласови повеќе од актуелниот градоначалники Фатмир Дехари.
Интересно ќе биде и во Струга каде во вториот круг, очекувано, влегоа Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса. Во неделата Мерко освои речиси 11 илјади гласа или за 1.500 повеќе од својот опонент.
На другата страна од брегот на езерот ќе се гласа исто така а охриѓани ќе бираат меѓу Кирил Пецаков од ВМРО – ДПМНЕ и Константин Георгиевски. Пецаков прогласи победа уште во првиот круг, но при пребројувањето на гласовите во последните неколку избирачки места бројките покажаа дека сепак ќе има втор круг во кој влегува со предност од речиси две илјади гласови пред Георгиевски.
Во Битола во вториот круг ќе се судрат Христо Кондовски од СДСМ и Тони Коњановски од ВМРО – ДПМНЕ а предноста, барем по првиот круг, е на страната на Коњановски кој има 1.600 гласа повеќе.
Во првиот круг пет скопски општини добија градоначалници, а на 31 октомври ќе се гласа во три.
Битката во Центар повторно е меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ а по првиот круг предноста е на страната на Горан Герасимовски кој има 1.500 гласа повеќе од Наташа Котлар од ВМРО – ДПМНЕ.
Во Карпош, во вториот круг ќе истрчаат кандидатот на СДСМ Душко Весковски и претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник Стевчо Јакимовски. По првиот круг водстваото на на страната на Весковски со речиси 2.500 илјади гласови повеќе.
Последната скопската општина каде ќе се гласа на 31 октомври е Чаир каде граѓаните ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ – Висар Ганиу и Беким Сали од Алијанса.
Втор круг ќе има и за градоначалник на Скопје а во финишот влегуваат Петре Шилегов и независниата кандидатка која ја поддржа и ВМРО – ДПМНЕ Данела Арсовска која на своето конто, по првиот круг има предност од речиси 8 илјади гласови.
Според податоците кои се на сајтот на државната изборна комисија ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг победи во 22 општина, СДСМ во девет и ДУИ во три. Првиот круг ќе се повтори во општините Центар Жупа и во Маврово-ростуше поради неисполнување на цензусот за излезност, односно излегле помалку од една третина од запишаните избирачи на гласање.
Огнен Чанчаревиќ
