Вести Македонија Топ вести

Во скопско Пагаруша се гласа со фингерпринт, но пијат вода од соседното село

Овие огромни кратери на патот, полни со вода и со кал наоколу водат до село Пагаруша. Рурално место во околината на Скопје, на не повеќе од 20 километри оддалеченост. Населено со мал број на жители иако ваквата инфраструктура не асоцира дека во близина живее некој. Тамошните мештани кои ја знаат тежината на демократијата исто така знаат и што треба да значи нивниот глас на секои избори, а најмногу на локалните кога бираат свој градоначалник. Кај нив се гласа дури и со фингерпринт терминал, иако во селото живеат во супстандардни услови за 21 век.

Имаат локална чешма каде што тече вода од реката, но таа не ни помислуваат да ја користат за ништо бидејќи велат дека и угинати животни се во допир со доводот.

Гласањето во село Пагаруша денес се одвива во амбиент различен од големите градски средини. Овде ги нема средените училници, ја има само оваа делумно руинирана просторија каде што се списоците со околу 200 гласачи. Според кажувањата на локалните мештани, иако сите тие фигурираат на хартија – во реалниот живот повеќе од 120 се веќе иселени, и тоа во странство. Останатите прашање е колку се ентузијастични да дојдат и да го дадат својот глас. Во нашата неколкучасовна посета на селото, на прсти се броеја лицата кои дојдоа да гласаат на локалните избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Работникот што загина при пад од скеле на Пречистителната станица не носел заштитно јаже

Tea Dimkovska

Нафтата поскапа за 15 отсто за само четири дена, експертите предлагаат кризната состојба да продолжи, но да се внимава со мерките.

Дејан Дејан

Вечерва отворање на изложбата „ Трага во времето“ за 10 години Национален џез оркестар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе