Свет

Единаесет индонезиски ученици се удавија во извидничка несреќа

Единаесет средношколци се удавија додека се обидувале да преминат река за време на извидничка акција во индонезиската провинција Западна Јава.

Учениците пешачеле покрај река во областа Сијамис, како дел од воннаставни активности, кога се случила несреќата, соопшти шефот на локалната полиција Хердиат Сунарија.

Учениците на возраст од 12 до 15 години биле повлечени од силна струја додека ја преминувале реката, рече тој.

Екипите за пребарување ги пронајдоа сите жртви низводно, информира началникот и додаде дека неколку наставници биле тешко повредени при обид да ги спасат учениците.

Во извидничката акција учествувале 150 ученици од средното исламско училиште Харапан Бару, јавија локалните медиуми.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе