Свет

По 19 месеци туристите повторно ќе можат да патуваат во Индија

Индија денеска се отвори за странските туристи, 19 месеци откако ги затвори границите поради пандемијата со Ковид-19.

„Туристички визи прво ќе им бидат издадени на оние кои доаѓаат во Индија со чартер летови, а од 15 ноември ќе се прошири на патниците од сите летови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Протоколите за туристите ќе ги објави Министерството за здравство, но индиските медиуми јавуваат дека патниците најверојатно ќе треба да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест не постар од 72 часа пред летот.

Минатата година Индија ја посетија помалку од три милиони луѓе, што е за 75 проценти помалку од 2019 година.

Њу Делхи планира да додели 500.000 бесплатни визи за помош на туристичкиот сектор, а тоа се очекува да поттикне кратки туристички тури.

Индија е втора по бројот на заразени лица. Од почетокот на пандемијата имаше 34 милиони случаи, а 451.000 луѓе починаа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе