Свет

Авиокомпаниите започнаа со укинување на задолжителното носење на маски во авион

Авиокомпаниите САС и Норвежен од понеделник нема да бараат носење маски на нивните летови во Скандинавија, односно Норвешка, Шведска и Данска.

„Со оглед дека сите три скандинавски земји се отворени за патување и ги укинаа епидемиолошките ограничувања, повеќе не гледаме потреба да бараме носење маски на сите домашни летови, како и летови меѓу Данска, Шведска и Норвешка“, рече портпаролката на САС, Фреја Анамац за шведското радио.

И компанијата Норвежен на својата веб – страница објави дека повеќе нема да бара носење маски на овие летови поради намалениот ризик од инфекција.

Двата превозника нагласија дека за сите нивни летови надвор од Скандинавија, поради меѓународните регулативи, сепак, ќе биде задолжително носење маски.

Во изминатиот месец, сите три скандинавски земји ги укинаа сите епидемиолошки мерки, вклучително и обврската за носење маски во различни ситуации, додека во Шведска во ниту еден момент од пандемијата немаше таква обврска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе