Свет

Албанија ќе испраќа сателити во орбитата

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1“ и „Албанија2“ во орбитата.

Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата но тој продолжи игнорирајќи ги.

Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите „Албанија“ во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2, рекол Рама не наведувајќи повеќе детали, пренесува АБЦ њуз.

Со тоа, додава истиот извор, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Меѓу 10-те главни земји кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија. Се смета дека има околу 7.941 сателити, поголемиот дел им припаѓаат на САД, наведува телевизијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе