Свет

Повеќе од една четвртина европратеници заработуваат повеќе пари од лобирања

Повеќе од една четвртина или околу 180 европратеници заработуваат повеќе пари од лобирања и други странични активности, отколку од својата пратеничка плата. Анализата која ја направила Транспаренси интеренешенел ЕУ покажал дека на ваков начин околу 180 европратеници годишно вкупно дополнитело имаат од речиси четири до 11, 5 милиони евра. Дополнителните приходи кои ги пријавуваат европратениците  не подлежат на институционални проверки.

Дваесет и седум проценти од 705 пратеници во Европскиот парламент вкпно заработиле меѓу 3,9 и 11,5 милиони евра заработка, надвор од својот политички ангажман, открива анализата на Транспаренси Интернешнл ЕУ, врз основа на ажурираната база на податоци на Унијата која содржи податоци извлечени од пријавите за финансиски интереси на европратениците.

Според анализата најмалку 23 европратеници ги зголемиле своите приходи од почетокот на нивниот мандат, додека 39 европратеници потенцијално заработуваат повеќе од 100.000 евра годишно од други активности активности. Вистинските бројки, како што се наведува во анализата на Транспаренси интернешенел ЕУ, може да бидат уште повисоки, со оглед на тоа што европратениците сами ја пријавуваат својата заработка и не подлежат на институционални проверки.

Пратениците од десничарските екстремни партии и европратениците од групата на Народните партии водат на листата на европратеници кои имаат дополнитени приходи. Дури 38 проценти од екстремната десница во европарламентот пријавиле дополнителен приход. Најниски странични приходи имаат пратениците на левите партии во Европскиот парламент, само 10 проценти од нив.

Најмалку 29 европратеници заработуваат повеќе пари од споредни работни места отколку од нивните пратенички надоместоци.

Апсолутен фаворит во т.н. странична заработка има полскиот европратеникот Радослав Сикороски од редовите на Народните партии, кој заработува меѓу 588.000 и 804.000 евра годишно. Најмалку дополнителен приход од 18 до 72 илјади евра годишно пријавил европратеникот Хилде Ваутманс од Белгија.

За европратеникот Даниел Фројнд од редовите на Зелените и известувач за независно тело за етика во институциите на ЕУ, за ова вели дека значајните странични приходи на избраните европратеници секогаш го носат со себе ризикот од судир на интереси.

„Онаму каде што страничниот приход значително го надминува парламентарниот додаток, се поставува прашањето што е споредна работа. Неразбирливите информации за изворите на приход јасно ги покажуваат празнините во транспарентност во Европскиот парламент. Со сегашниот систем за саморегулација, потенцијалните судири на интереси на европратениците не можат да се отстранат“, вели Фројнд.

Според анализата на Транспаренси интернешенел активностите што генерираат големи количини приходи се поврзани со лоби организации регистрирани во ЕУ или биле започнати по почетокот на мандатот на европратеникот.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе