Маж вооружен со лак и стрели убил неколку луѓе во норвешкиот град Конгсберг. Според полицијата, напаѓачот се движел низ градот и неселективно напаѓал луѓе со лакот, поради што биле приморани да затворат повеќе улици.
Точниот број на загинати е сѐ уште непознат, исто како и бројот на повредени.
Инцидентот во полиција бил пријавен во 18 и 30, кога напаѓачот влегол во супер маркет и започнал да стрела кон купувачите.
Полицијата успеала да го совлада и тој е уапсен.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
