Неколку објекти беа оштетени во силниот земјотрес кој утрово го погоди грчкиот остров Крит. Според Геолошкиот институт на САД потресот бил со јачина од 6,4 степени според Рихтер, а епицентарот бил во селото Поликастро, на длабочина од 10 километри.
Според локалните медиуми во земјотресот се урнала малата црква Свети Никола во селото Зерокампос, а биле пријавено и лизгање на земјиштето.
Повеќе афтершокови биле почуствувани во текот на денот.
На крајот од септември Островот беше исто така погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени, во кој загина едно лице, а беше причинета и материјална штета.
