Не се знае точната бројка на Македонците во Бугарија бидејќи Софија со децинии прави се за ги негира и асимилира, вели во разговор за Телма Стојко Стојков, претседателот на организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин.
Стојков притоа вели дека црвенотот светло кај Македонците во Бугарија го запалило барањето на Софија кон Македонија, освен таа да не се грижи за своето малцинство таму, да каже и дека тоа никогаш и не постоело.
Декларација на организациите на Македонците во Бугарија: Софија да ја запре политиката на негирање
Организациите на Македонците во Бугарија кои објавија Декларација со низа од барања до владите во Софија, Скопје, но и до ЕУ, надеж дека работите можат да се сменат, гледаат во меѓународниот фактор и притисокот врв Бугарија да се откаже од дискриминаторската политика кон македонското малцинство.
Со Стојко Стојков од ОМО „Илинден“ – Пирин разговараше Тамара Грнчароска.
