Свет

ТВ новинарот Горан Благоев претседателски кандидат на изборите во Бугарија

Горан Благоев, кој е кандидат за претседател на Бугарија од коалицијата „Национална унија на десницата“ – КОД и „Републиканците за Бугарија“ на Петар Москов и Цветан Цветанов, коментираше за ТВ Еуроком дека негов главен противник на изборите ќе биде актуелниот претседател Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, всушност во последната половина година Бугарија функционираше како претседателска република, без да е така уредена.

Благоев изрази мислење дека Радев не направил ништо значајно за бугарско-македонските односи, како и за регионите во Србија во кои живее историско бугарско население во Димитровград (Цариброд) и Босилеград.

Истовремено, овој познат ТВ-новинар и историчар Горан Благоев смета дека политиката на Бугарија кон Македонија во последните 30 години била неконзистентна. Во текот на овие години, Бугарија не направи ништо посебно во споредба со Северна Македонија, а имаше можности, категоричен е. Тој беше дециден и за меѓукултурните и билатералните црковни односи. „Национална унија на десницата“ – КОД и „Републиканците за Бугарија“ се една од ретките политички формации кои отворено изјавуваат дека Северна Македонија има место во ЕУ во согласност со условите од Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година. Неговите програми на ТВ Еуроком и порано на БНТ, исто така, се следат преку Интернет во Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе