Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово денеска одлучи наставата во училиштата во кои в недела ќе се гласа за локалните избори, следниот ден наставата да се одржи онлајн. Од друга стана во училишните објекти кои нема да бидат гласачки центри, наставата в понеделник ќе се одржи со физичко присуство на учениците.
Исто така, општините се должни по завршувањето на гласањето да ги дезинфицираат училиштата и истите да ги проветрат доро, за да бидат подготвени за одржување на наставниот процес на 19 октомври, соопшти косовското МОН.
Претходно, минатата недела, барање да не работат училиштата дента откако во нив ќе се гласа, со цел да се намали опасноста од зараза на учениците и училишниот персонал, поднесе Асоцијата на општини на Косово.
Редовните локални избори во Косово се одржуваат истиот ден како и оние во Македонија, но кај нас за сега нема никаква информација што ќе се прави со училиштата каде има избирачки места, и на кој начин ќе бидат дезинфицирани.
