Економија

Владата вети, но не исполни- оризопроизводители на протест

Кочанските оризопроизводители и денеска на протест во селото Облешево, со земјоделската механизација ја блокираа само едната коловозна лента. Протестот е по пауза од 20 дена. Остануваат незадоволни од она што Владата го ветила, а не го исполнила. Откупната цена не е покачена, а тврдат и дека нема откуп. Оризопроизводители, а особено младите велат дека состојбата е лоша, немаат пари да ги платата комбајните, а драстично е скокната и цената на репро материјалите.

Кочанските оризопроизводители имаат поддршка и од Синдикатот за земјоделци. Претседателот, Ставре Јанев вели дека имаат 12 барања, но во моментов најприоритетно е исплата на редовните субвенции и оризовата арпа да има производна цена, како стратешка култура. Полните амбери од ланската реколта, но и новите колични кои се жнеат се предлага да бидат откупени од страна на државата за стоковите резерви.

Премиерот Заев денеска констатираше дека протестите се политички обоени, смета дека како Влада направиле многу за овие земјоделци. Но, за утре во Скопје во 10 часот е сепак закажан состанокот меѓу ресорниот министер со кочанските оризопроизводители и синдикатот.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите, на потег е Владата

Дејан Дејан

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе