Свет

Полска нема намера да ја напушти ЕУ

Полска нема намера да ја напушти Европската унија, објави премиерот Матеуш Моравјецки.

Опозицијата и полските власти меѓусебно се обвинија дека сакаат да ја повлечат земјата од Европската унија. Уставниот суд на земјата вчера дури донесе одлука за превласт на полскиот устав над правото на ЕУ.

Приемот на Полска и земјите од Централна Европа кон Европската унија е еден од најважните настани во последните децении. И за нас и за самата ЕУ. Сите ние извлековме корист од ова. Затоа јас јасно кажувам: Местото на Полска е и ќе биде во европското семејство на нации, напиша Моравјецки на Фејсбук.

Според него, одлуката на Уставниот суд „го потврди она што буквално произлегува од содржината на Уставот на Република Полска, имено дека уставното право има предност пред другите извори на правото“.

Имаме исти права како и другите земји. Сакаме овие закони да се почитуваат. Ние не сме непоканет гостин во Европската унија. Затоа не се согласуваме да не гледаат како земја од втора класа. Сакаме заедница за почит. Ова е и нашата заедница, нашата унија. Сакаме таков сојуз и ќе продолжиме да работиме за таков сојуз, додаде Моравјецки.

Неговата реакција доаѓа по бројните критики упатени кон Варшава, откако вчера послкиот Уставен суд донесе одлука дека некои договори со ЕУ не се компатибилни со послиот Устав. Тоа го натера претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, да  побара последици за одлуката на полскиот Уставен суд да не го почитува приматот на ЕУ законите а еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс изјави дека е потребно време да се разгледа одлуката во детали, но призна дека ЕУ поминува низ криза со владеењето на правото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе