Европскиот комесар за правосудство рече дека унијата е „се повеќе загрижена“ заради одлуката на полскиот Уставен суд со која се оспорува надмоќта на европските закони.
Полскиот Уставен суд му пркоси на правниот поредок на ЕУ со одлуката дека полските закони имаат поголемо значење од ЕУ законите во областите во кои се судираат.
Високи официјални претставници на унијата сметаат дека одлуката на полскиот уставен суд може предизвика излез на земјата од ЕУ блокот.
Денеска европскиот комесар за правосудство Дидиер Реиндерс рече дека е побарано од Европскиот суд за правда да преземе некои „финансиски санкции“ кон Полска.
- Повторно, не сакам сега да кажам каква ќе биде одлуката на Комисијата за најдобрите можни начини на реакција, но она што е сигурно е дека ние ќе реагираме секако како што направивме во последните недели и месеци. Повторно, сега чекаме нови одлуки на Судот на правда за ситуацијата во Полска, како и можни финансиски санкции, рече Дидие Рејндерс, европски комесар за правда.
