Свет

Фон дер Лајен одговори на критиките за еврокомесарот Вархеји

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека го поддржува комесарот за проширување Оливер Вархеји, но истакна дека тој не одлучува сам за политиките во Комисијата.

По критичкиот напис објавен во европскиот Политико за еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во кој се наведува дека тој ја фаворизирал Србија и се обидел да изврши непринципиелен притисок врз Северна Македонија во спорот со Бугарија преку одвојување од Албанија, претседателката на Европската Комисија вчера од Словенија одговори на овие наводи.

На новинарско прашање на оваа тема, Урсула фон дер Лајен изјави дека таа целосно ги поддржува сите членови на нејзината Комисија, но додаде и дека работата на Европската Комисија во проширувањето не се сведува само на комесарите туку и на тимовите на вработените во генералните директорати на институцијата кои, како што рече, со години го следат напредокот во земјите од Западниот Балкан.

Таа нагласи и дека Србија има уште многу работа во делот на владеењето на правото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе