Се крие ли корона вирусот кај најмладите одговорот ќе го дадат резултатите од скрининг тестирањето. Процесот започнува од утре откако преку апликацијата е-дневник ќе се селектираат 8.000 ученици по случаен избор од сите основни и средни училишта во државата. Оваа недела здравство ќе ги прашува родителите дали даваат писмана согласност ако нивнотот дете е избрано во системот, во спротивно ќе се избира замена. Целта според министерот за здравство Венко Филипче е да се пронајдат асимптоматските случаи.
Засега бројот на инфицирани ученици е низок и наставата ќе продолжи со физичко присуство, а незначителна е статистиката и на вакцинирани граѓани со трета доза или само 329. Здравство одлучи да ѝ предложи на Комисијата за заразни болести да се дозволи вакцинација на секој кој сака без разлика дали влегува во критична категорија. Какава вакцина и да примил претходно, третата ќе биде Фајзер.
Граѓаните кои примиле две дози и прележале корона ќе мораат да почекаат 6 месеци за да примат трета. Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани. Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.
Павле Беловски
