Ковид19 Македонија Топ вести

Трета вакцина за сите, учениците ќе подлежат на скрининг тестирање

Се крие ли корона вирусот кај најмладите одговорот ќе го дадат резултатите од скрининг тестирањето. Процесот започнува од утре откако преку апликацијата е-дневник ќе се селектираат 8.000 ученици по случаен избор од сите основни и средни училишта во државата. Оваа недела здравство ќе ги прашува родителите дали даваат писмана согласност ако нивнотот дете е избрано во системот, во спротивно ќе се избира замена. Целта според министерот за здравство Венко Филипче е да се пронајдат асимптоматските случаи.

Засега бројот на инфицирани ученици е низок и наставата ќе продолжи со физичко присуство, а незначителна е статистиката и на вакцинирани граѓани со трета доза или само 329. Здравство одлучи да ѝ предложи на Комисијата за заразни болести да се дозволи вакцинација на секој кој сака без разлика дали влегува во критична категорија. Какава вакцина и да примил претходно, третата ќе биде Фајзер.

Граѓаните кои примиле две дози и прележале корона ќе мораат да почекаат 6 месеци за да примат трета. Заклучно со 2 октомври, во државата вкупно се вакцинирани 789.802, а ревакцинирани 734.023 граѓани.  Над 47% од полнолетната популација во државата примила една доза вакцина, а 44% се ревакцинирани.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе