Македонија Топ вести

КОД: Меѓу повратниците од ИСИС има и деца родени во Исламска држава

Една жена, една ќерка и еден син- живеат во дом во град во внатрешноста на Македонија. Сите три се повратници од ИСИС. Мајката конвертит од православие во ислам, по мажење за жител на Косово заминале во Сирија на територија на исламската држава. Таму брачната двојка добила машко дете, а во една од борбите загинал таткото на детето. По распадот на исламската држава, трочленото семејство завршило во еден од курдските кампови. Успеале да останат заедно и покрај предизвиците за ќерката тинејџерка во една таква околина. На крај откако со сигурност е утврдено дека семејството е со потекло од Македонија, се враќаат во Македонија. Со авионски лет, со големо обезбедување, со здравствени прегледи уште на писта. Се вратиле, иако дома од многу поинакво општество во кое крајот на престојот го поминале под бомби, и во разорување.

Самет Шабани е невладин активист кој повеќе од една деценија се занимава со безбедносна проблематика. Последните 5 години работи исклучиво со повратници. Во првата активност наречена Мост, успеале да опфатат 19 семејства во кои имало повратници. Општествениот профил на повратниците е различен.

Целта на државата е по враќањето да се изврши ресоцијализција, процес кој не само што има тешко име туку е и напорен и тешко остварлив. Бара време, упорност и трпение. Целта е да им се помогне на тие луѓе, но и да се спречи, тие да не регрутираат нови борци.

Миомир Серафиновиќ

Гледајте КОД вечерва во 19.15 на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со наполнети 18 години, кацига и без второ лице, вака од денеска смее да се вози тротинет

Kristina Kuzmanovski

Рокас се надева на скоро решение за и Македонија да го фати чекорот на проширувањето

Tea Dimkovska

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе