Расте бројот на заболени со ковид 19 помеѓу гевгелиските ученици. Според епидемиологот Сашо Олумчев ширењето помеѓу младите на возраст од 12 до 19 години е очекувано со почетокот на учебната година нои фактот што голем дел од оваа популација не го прележала вирусот или не е вакцинирана.
Во следниот период Олумчев очекува намалување на возрасната граница која ќе биде таргет на вирусот, односно децата под 12 години.
Во Гевгелија во моментов има осумдесетина активни случаи на ковид-19. Овој град е меѓу оние со највисок процент на вакцинирани граѓани во државата, со околу 61%.
Сузана Мицева
