Жители на Тетово и на околните места овие денови сами доаѓаат да се попишат на пунктот во општинската зграда. Кај дел од нив не дошол попишувач, или не биле дома, други поради загриженост бидејќи има само уште еден ден до крајот на најголемата статистичка операција во државава.
Од Општинската изборна комисија потврдуваат дека има интерес за ваквиот начин на попишување, освен во Тетово и во општинскатата зграда во Боговиње. Од таму информираат дека досега во овој реон се попишани 104.280 лица, 26.669 домаќинства, 34.928 станови и 23.454 згради.
Попишувањето на терен се врши од 8 до 22 часот, додека пунктовите за попишување работат од 8 до 20 часот.
Данијела Билбилоска
