Кај нас, денеска стaртува кампањата за локалните избори. Во трката за градоначалник влегуваат 301 кандидат, а поднесени се вкупно 576 листи за советници. За главниот град ќе се борат 12 кандидати и 687 советници. Сите најавуваат дека кампањата ќе ја водат главно на социјалните мрежи и на средби со граѓани.
СДСМ тргнува од Битола, ВМРО ДПМНЕ од Охрид, ДУИ од Гостивар, Алијанса на Албанците/Алтернатива и Беса од Скопје. Во овие градови ќе стартува кампањата на поголемите партии за претстојните локални избори на кои за првпат има значително учество на независни кандидати, дел на посебни граѓански листи, а дел и претходни градоначалници од партии кои не ги номинираа за нов мандат.
Поради Ковид пандемијата, активностите на учесниците во изборите и претставувањето на програмите во најголем дел ќе се сведат на неформални средби со граѓаните и поголема застапеност на социјалните мрежи.
Кампањата ќе трае 20 дена,до 15 октомври на полноќ.
Во градоначалничката трка ќе учествуваат 301 кандидат од кои само 26 се жени. За разлика од нив, на советничките листи сликата е поинаква.
Од вкупно потврдени 567 листи за советници, мажите се застапени со 55,99% а жените со 44,01%. Најмногу кандидати за градоначалници има за Скопје 12, две жени, двајца адвокати, двајца музичари. хирург, бизнисмени.
Поднесени се 18 листи за советници на политички партии, коалиции и независни групи.Најголем дел од кандидатите за советници се на возраст од 36 до 45 години.
Во другите градови најмногу кандидати за градоначалници из а советници се поднесени за Струга,Битола, Куманово, Прилеп.
Почна вакцинацијата со трета доза – веќе дадени првите вакцини
