Свет

Седми ден протести во северниот дел на Косово, војската ја зголеми борбената готовност

Протестот на косовските Срби, незадоволни од распоредувањето на специјалните полициски сили на административните премини Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички, трае седми ден по ред. Ниту припадниците на специјалната полиција, ниту граѓаните собрани на протестот не се откажуваат од своите позиции.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ синоќа од Њујорк порача дека Белград е подготвен за дијалог, но очигледно дека Приштина не е. Таа апелираше до меѓународната заедница да инсистира Приштина да започне со спроведување на договорот од Брисел, а особено формирањето на Заедницата на српски општини.

Како што соопшти РТС два авиона од типот „орел“ и денеска прелетаа над Јариње правејќи два круга.

Половина час пред прелетот на авионите, областа каде се распоредени косовските полициски специјалци и граѓаните кои протестираат, ја надлета и хеликоптер на КФОР.

Министерот за одбрана, Небојша Стефановиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, започнаа со обиколка на дел од силите кои се во состојба на зголемена борбена готовност поради настаните во Јариње, соопшти Министерството за одбрана.

Како што е наведено во соопштението, тактичките групи лоцирани во Гарнизонот во Рашка, воената база Рудница и во правец кон административниот премин Јариње, се во состојба на зголемена борбена готовност.

По провокациите на единиците на Росу, кои веќе седум дена се наоѓаат на северот на Косово, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, нареди зголемување на борбената готовност за дел од единиците на српската армија и Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе