Свет

Аеродромот на островот Ла Палма е затворен поради облаци од пепел

Аеродромот на шпанскиот остров Ла Палма денеска беше затворен поради облак од пепел што избива од вулканот кој е „активен“ веќе една недела, а научниците соопштија дека се отворил уште едно вулкански кратер, изложувајќи ги островјаните на можни нови опасности.

Интензитетот на ерупцијата, која започна на 19 септември, се зголеми во изминатите денови, што доведе до евакуација на уште три села на островот.

Речиси 7.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.

Операторот на аеродромот Ла Палма Аена соопшти дека аеродромот не е во функција поради наталожен пепел.

Другите аеродроми на Канарските Острови се уште се во функција, иако некои авиокомпании ги прекинаа летовите, наведува Аена.

Институтот за вулканологија на Канарските острови објави дека рано утрово бил отворен уште еден вулкански кратер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе